Министерката за одбрана Радмила Шекеринска е дел од изданието на „30 прашања со“ што го објави пред неколку дена нејзината матична партија СДСМ. Како што е општо познато спотовите ги прави Коста Петров во својство на потпретседател на СДСМ.

Во спотот на Шекеринска се појавуваат и униформирани лица од АРМ во партиска пропаганда. Останува нејасно како било дозволено да се снимаат во партиски цели офицери и војници во униформи на своето работно место во Министерството за одбрана кога тоа е најстрого забрането со закон. Нејасно е и во каква функција се појавил потпретседателот на СДСМ Коста Петров кога тој не е вработен во Министерството за одбрана.

Видеото е закачено на партискиот канал на СДСМ на Јутјуб.