Ај што сте не знаете и сте неспособни да водите држава, па ни едно стакло на кола не знаете да искршите како што треба, пишува со иронија портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на Фејсбук за нападот што е извршен врз неговиот приватен автомобил.

– Сакав да пријавам во Министерство за внатрешни работи, ама кутрите тие не можат да фатат убијци цела година што ги знаат по име, а не пак овие што искршиле стакло. Ама еве уште еднаш Оливер Спасовски јавно да го повикам да праша по пајташите негови да не е некој од нив, за да дојде каменот да си го земе. Му останал внатре, бидејќи ниту со закани, ниту со ова нема да ме замолчите. Па, најверојатно пак ќе треба да ми ја кршите колата, порача Арсовски на Фејбук.