Министерството за надворешни работи на Грција ја повика амбасадорката на Албанија во Атина, во попладневните часови, за да и достави демарш за вчерашното убиство на етнички Грк во Албанија, објавија денеска грчките медиуми.

Како што вчера објавивме, 35 годишниот Константинос Кацифас беше убиен во престрелка со албанската полиција, а реагираше и грчкото МНР.