Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да ги изложи своите фискални планови за земјата, презентирајќи го буџетот за фискалната 2025 година, која почнува од почетокот на октомври.

Буџетот најверојатно ќе вклучува ветувања за намалување на трошоците за покривање на дефицитот на земјата со 3 трилиони долари во текот на 10 години. Тоа ќе го забави, но нема и да го запре растот на државниот долг, кој се проценува на 34,5 трилиони долари.

Бајден, исто така, сака да го зголеми минималниот корпоративен данок во САД, да ги намали исклучоците за компензација на извршните директори и корпоративни авиони и да и дозволи на владата да преговара за пониски цени на лековите.

Собраните дополнителни пари би можеле да финансираат нови даночни кредити за домување, да ги прошират субвенциите за здравствена заштита и да придонесат за подобра гранична контрола.

За трошоците за одбраната, Бајден се очекува да повика на помалку борбени авиони Ф-35 и подморници од класата Вирџинија.