Американскиот претседател Џо Бајден синоќа му честиташе на францускиот претседател Емануел Макрон за неговиот реизбор, нарекувајќи ја Франција „клучен партнер во справувањето со глобалните предизвици“.
„Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата блиска соработка – вклучително и за поддршка на Украина, во одбрана на демократијата и во борбата против климатските промени“, напиша Бајден на Твитер.