На годишницата од Диво Насеље во кое животот го загубија 8 припадници на безбедносните служби, а уште триесетина нивни колеги беа тешко повредени нашиот Премиер најде за сходно да оди на чај и баклава кај неговиот косовски колега, Рамуш Харадинај чија Влада донесе одлука да се исплатат по 10.000 евра на семејствата на загинатите терористи од Диво Насеље. Наместо да даде почит на загинатите и нивните семејства, Премиерот замина за Косово и притоа ја оцени средбата како успешна, веројатно успеал да го наговори Харадинај да ги екстрадира двајцата обвинети за случајот Монструм – Али Демири и Африм Исмаиловиќ. Со еден потег успеа да ги понижи загинатите бранители, нивните семејства и целокпуната македонска јавност.

Недозволив е ваквиот игнорантски однос на Владата кон Диво Насеље и потценувањето на припадниците на полицијата кои одбраната на државата ја платија со нивните животи. Или станува збор за трапавост на владините служби кои направиле превид околу датите или станува збор за порака која Премиерот Заев ја испраќа на албанското гласачко тело, кое му е потребно и повеќе од претходно за да ја надомести разликата во гласови која ја губи кај македонскиот електорат. Многу поверојатна е втората опција особено што СДСМ е втората најголема албанска партија во Македонија ако се земат во предвид албанските гласови кои се слеаја на контото на СДСМ на минатите избори.

Се поставува прашањето дали негирањето на Диво Насеље треба да претставува увертира на ослободувањето на обвитетите за тероризам? Исто како што беа отфлени обвиненијата за случајот Сопот, а изгледно и за Монструм. Дел по дел се остваруваат барањата на Албанските политички партии, вткаени во фамозната Тиранска платформа,  а во меѓувреме животот не се подобрува со ниедна конкретна мерка или реформа, општеството длабоко се поларизира, а народот осиромашува.

Која и да е причината за ваквиот потег на Премиерот, пораката која ја испрати кон сите нас е дека полагањето на животот за одбрана на татковината очигледно не вредат ни колку баклава и чај.

М-р Мартина Антиќ