Јавното обвинителство да отвори случај за потекло на имотот на Шилегов! Кој е рецептот како се стига до 4 стана, хациенда во Маврово и зграда во Тафталиџе?

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во врска со имотната состојба на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

-ЈО да отвори случај за потекло на имотот на Шилегов! Кој е рецептот какo се стига до 4 стана хациенда во Маврово и зграда во Тафталиџе?! Како со обична чиновничка плата од 1.000 евра Шилегов доаѓа до милионски имот, и станува најбогат градоначалник на Балканот?! Шилегов да го каже рецептот како до 4 стана, цела зграда во Скопје и хациенда во Маврово. Граѓаните цел живот работат за еден стан или куќа, а Шилегов за краток период стекнал имот за кој на секој друг граѓанин ќе му требаат неколку животи, се вели во барањето од опозициската партија до ЈО.

Натаму во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ прашува:

-Што крие најбогатиот градоначалник на Балканот во најсиромашниот главен град на Балканот? Дали зградата на Шилегов е градена од работници од јавните претпријатија со кои раководи Шилегов? Дали зад милионскиот имот се кријат злоупотреби на јавни добра? ЈО веднаш да отвори истрага и да го испита потеклото на имот на Шилегов. Тик так… Петре времето полека ти поминува. Време е за одговори, а и за одговорност, се вели во соопштението.