Македонските граѓани да ја зграпчат шансата и да гласаат на референдумот. Со поддршката за Договорот обезбедуваат место на масата на НАТО и просперитетна демократија, порача американскиот амбасадор Џес Бејли на научната дебата во МАНУ на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции на Република Македонија“.

Тој нагласи дека Договорот од Преспа е резултат на тежок компромис. Но, со визија и прагматизам страните дошле до компромис кој се надоврзува на стартешките цели – стабилност и проесперитет во земјите и во регионот и вредносите на НАТО и ЕУ.

– Не постои совршен договор и се согласувам со вашиот министер за надворешни работи, нема подобар договор што може да се заклучи по 27 години преговарање. Тоа е договор кој што го признава и поддржува македонскиот идентитет, јазик и исто така бара да се спроведе името на државата и нејзините институции. Некои аспекти ќе бидат потешки за имплементација од другите, и знам дека некои луѓе од земјата се загрижени за тоа. Но треба да се запомни дека исто така ќе се случи и тоа во неколкуте наредни години, ќе бидете 30-та членка на НАТО, ќе имате свое место на масата, рече Бејли.

Тој нагласи дека регионот имал тешка историја, но географијата не е промената ниту соседите не се променија, сите се тука.

– Она што се менува со членството во НАТО е дека вие повеќе не сте само соседи кои се обидуваат да се согласуваат, туку сте сојузници и како сојузници имате дадено заложба дека ќе го чувате и територијалниот интергритет и независниоста на вашите сојузници, а тоа е огромна промена во овој дел од светот. Затоа е битно да го зграбите моментот и да сфатите со што се соочувате, што значи тоа суверена независна и безбедна држава, а тоа е она на што се надеваат вашите граѓани изминатите сто години. И конечно ова е спогодба за која граѓаните на оваа земја ќе го дадат својот  глас на 30 септември, годинава, и тој ќе биде нивен договор, а не само на политичарите, рече Бејли

Според него, важно е граѓаните да го дадат својот глас бидејќи ако не го сторат тоа, нема да го дадат своето мислење и ќе бидат збунети, ќе бидат под влијание на различни наративи, а тоа, вели, нема да и помогне на земјата да оди напред.

– Многу родители би сакале нивните деца да им живеат во сигурна, просперитетна инклузиван демократија, сакаат да ја видат оваа земја како место на надеж. Ова е посебен момент во македонската историја и треба да се зграпчи оваа можност. Кога ќе гласате и кога ќе се отворат преговорите со НАТО, вклучувањето на народот ќе биде многу битен за имплементацијата на Договорот и за спроведување на реформите. Во САД имете партнер и пријател, рече Бејли.

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние истакна дека за постигнување на Договорот со кој конечно се воспостави пријателски однос меѓу двете земји, беше потребна неизмерна храброст, се зачува индентитетот и ја отвора евроатланстаката перспектива на земјата.

– Веројатно нема најдобар договор сам по себе. Постои единствено само добра волја за мир, за заедничко градење на животот и за надминување на кавгите кои постоеле долго во минатото, рече Тимоние.

Тој потсети на минатото кога германскиот канцелар Кол своевремено ја признал линијата на Оберне, за што била потребна храброст, и тоа многу ја чинеше Германија, рече, но тоа беше првиот камен темелник за создавањето на денешна Европа.

– Тоа може да биде компаративен гест со кој ќе се соочува македонскиот народ на 30 септември. И не треба ниту да ја потцениме сериозноста на тој избор ниту пак тежината. Но, Франција со големо внимание будно ќе следи што се случува особено слободното изразување на македонскиот народ. Доколку се зграпчи оваа историска шанса да успее, што ќе биде своевиден доказ на слободната изразена волја и изградбата на утрешна Европа, македонскиот народ по долго време повторно ќе ја има својата тежина за европската судбина, рече Тимоние.

Германскиот амбасадор Томас Герберих пак осврнувајќи се на договорот од Преспа ги изнесе оценките на политичичкиот аналитичар Едвард Џозеф дека Договорот заслужува Нобелова награда, бидејќи промовира нов модел на решвање на споровите. Оцени дека е плод на долги и комплицирани преговори, но се осврна и на неговото спроведување за кое, посочи, ќе треба промена на Уставот.

– За овие чекори ќе треба храброст, визија и издржливост од сите играчи во земјата. Серијата спроведени реформи заврши со покана за перистапување во НАТО. Германија ќе ја поддржува имплементацијата во интерес на оваа земја и на иднината на граѓаните и на соработката низ целиот регион, рече Герберих.