Министерот за здравство Беким Сали ги повика докторите Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски да бидат дел од новата Комисија за заразни болести.

Јавната покана Сали ја упати попладнево преку статус на социјалните мрежи.

-Заради ефективност и успешност на овој процес, би сакал јавно да ги поканам и угледните професори д-р Даниловски, д-р. Пановски и д-р Марковски да се приклучат како членови на Комисија за заразни болести и со тоа да придонесат во нејзината работа. Доколку од какви било причини не се во можност да бидат дел од Комисијата за заразни болести, им упатувам отворена покана да бидат дел од мојот тим на советници., пишува министерот за здравство на Фејсбук.