Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва во дебатниот магазин Клик плус на ТВ21 истакна дека сите капацитети за производство на струја во земјава биле во погон.

Битиќи се жали дека проблем се застарените производствени капацитети за струја.

– Кога во држава имате олд-тајмер кој што е предвиден да вози по одредена километража, затоа што е произведен 40 години претходно, вие што и да му направите, тој не може повеќе да извози од брзината која што му е дадена, метафорички објаснува Битиќи.

Според Битиќи, најдобриот блок во РЕК Битола бил произведен во 1980 година.