До 13 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има: во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод), гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат, во Општина Росоман – с. Манастирец, лозови и овошни насади;
Општина Зелениково – с. Тисовица, мешана шума и ниска вегетација и во Општина Чашка – над с. Нежилово, м.в. Сватови, ниска вегетација и смреки.

Под контрола се пожарите во: Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума; во Општина Кавадарци – градска депонија „Мелци“, ѓубре и во Општина Делчево – депонија, ѓубре.

Изгаснати пожари – шест: Општина Желино – с. Желино, ниска вегетација, меѓи и грмушки; Општина Теарце – с. Одри, ниска вегетација; Општина Македонски Брод – помеѓу резерватот „Јасен“ и с. Брезница, ниска вегетација и борова шума; Општина Кичево – с. Зајас, ниска вегетација; Општина Делчево – с. Ветрен, ниска вегетација и мешана шума и во Општина Градско – с. Виничани, ниска вегетација.

Фото: Архива