Битолчанецот С.С. (58) синоќа се здобил со повреди додека се обидувал да го изгасне пожарот кој ја зафатил неговата куќа лоцирана на улицата „Лавчански пат“ во Битола. Тој бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

Како што информира денеска МВР, пожарот избувнал синоќа околу 19.35 часот во една од собите, а во тој момент С.С., кој живеел сам, бил во куќата.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Битола.

Во Единицата за информации и команда во Скопје вчера Д.Ф. (64) од скопското село Инџиково пријавил дека истиот ден околу 13:20 часот, најверојатно од страна на непознат сторител, бил предизвикан пожар на околу 1.500 бали детелина и слама во дворното место од неговата куќа во селото.

Пожарот се проширил и на друга локација каде била опожарена слама. Повредени лица нема, а причинета е материјална штета.

Полицијата презема мерки за расчистување на овие случаи.