Министерот за култура Асаф Адеми по спроведените конкурси именуваше директори на осум национални установи со полн мандат од четири години.

Како што објави Министерството за култура, Гордана Змејковска е именувана за директор на Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, Маја Андоновска-Илијевски за директор на Центарот за култура во Битола, Роска Илиева – на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

За директор на Народниот театар Битола со полн мандат е именуван Иван Јерчиќ. Благоја Атанасоски – на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп, Бобан Хусениковски – на Музеј-Гевгелија, Васо Ристов е именуван за директор на Македонската опера и балет и Ердоан Максут – за директор на Турски театар-Скопје.