Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека земјите-членки на НАТО имаат зелено светло да испратат борбени авиони во Украина.

Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, на прашањето дали Полска, како членка на Алијансата, може да испрати борбени авиони во Украина, тој рече дека Варшава има зелено светло за тоа.

– Всушност, разговараме со нашите полски пријатели за тоа како можеме да помогнеме ако одлучат да ги обезбедат тие авиони на Украина и како можеме да им помогнеме да ги заменат авионите што ги испратија во Украина, рече Блинкен.

Портпаролот на Белата куќа претходно изјави дека американската администрација ја разгледува можноста да и надомести на Полска за авионите доколку таа одлучи да испрати борбени авиони во Украина, но истакна дека има неколку прашања во врска со тоа, вклучително и како авионите би можело да се префрлат од Полска во Украина.