Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост за пристигнувањето на руски војници во Казахстан, нагласувајќи дека тешко ќе се повлечат.

„Лекцијата од поновата историја е дека кога Русите се во вашата куќа, понекогаш е многу тешко да ги истерате“, предупреди државниот секретар на прес-конференција во Вашингтон. Казахстан беше погоден од најжестоките протести откако земјата стекна независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, при што загинаа десетици демонстранти и припадници на безбедносните сили.

Протестите почнаа во западниот дел на земјата поради наглото поскапување на горивата, но набрзо се проширија и укажаа на пошироко незадоволство од состојбата во земјата, со која иста партија владее од стекнувањето независност.