Британскиот виролог Венди Баркли изјави дека лабораториските испитувања покажуваат оти капките кои содржат коронавирус во воздухот можат да останат заразни еден час.

Затоа е значајно што Светската здравствена организација оваа недела го смени службениот став, признавајќи дека пренесување на коронавирусот со преку воздух сепак е можно, рече Баркли, која е вработена во Империјал колеџ во Лондон.

Што се однесува до употребата на маски за лице, Баркли рече дека нивната цел е да ги заштитат другите луѓе од заразените луѓе кои ги носат, бидејќи тие можат до одреден степен да спречат пренесување на коронавирусот преку капки, пренесува „Гардијан“.