Екипата на Челзи е фудбалски шампион на Европа.

Вечерва во Порто го победи Манчестер Сити со 1:0 и ја освои Лигата на шампионите! Во големото англиско финале во елитата, лондонскиот гигант по третпат во низа го совлада Сити.

Со тоа Тухел повторно го надмудри потрофејниот и поискусниот Гвардиола и го одведе својот тим до нов голем успех, а интересно е тоа што Челзи вторпат е шампион на Европа со тренер кој во тимот дојде среде сезона. Германскиот стратег на „Стемфорд Бриџ“ дојде на полусезона, како замена на клупската легенда Френк Лампард.

Челзи победи во со гол во 43 минута откако Хаверц постигна гол по една несфатливо лоша поставеност на одбраната на Сити.

Во вториот дел екипата на Гвардоила не успеа да даде гол, мечот беше продолжен дури за седум минути, но и тоа не му помогна на Гвадриола да дојде до продолженија.