Фудбалската федерација на Македонија по големите реакции на јавноста за новиот дрес за ЕУРО 2020 одлучи македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство да настапува во досегашните дресови промовирани во 2016 година со апликацијата на македонското знаме на предната страна.

– Одиме на Европско. Напред Македонија!- објави на Фејсбук претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Фудбалот се игра за фановите, напиша Сејдини на официјалниот фејсбук профил.

Ова следуваше откако бројни несогласувања со изгледот и бојата на новиот дрес, и барање за враќање на стариот, истакнаа голем број граѓани, личности од спортската и општествената јавност, меѓу кои во првите беше и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев.