Црногорскиот лекар д-р Сергеј Болјевиќ ја примил руска вакцина против коронавирус и снимил како поминала вакцинацијата со Спутник 5.

Минатата недела, д-р Сергеј Болјевиќ, специјалист по патофизиологија и пулмологија и раководител на Одделот за хумана патологија при Универзитетот Сеченов во Москва, по потекло од Црна Гора, се јавил од Москва и објавил дека започнала третата фаза од вакцината „Спутник 5“, која Русија ја регистрираше на 11-ти август.

Тогаш Болјевиќ соопштил дека нема некои поголеми несакани ефекти, дека вакцината се покажала ефикасна и безбедна и дека Русија може да започне масовна вакцинација во декември.

Лекарот вчера ја примил вакцината и испратил снимки до црногорскиот медиум „Вијести“.