Д-р Џон КЕМПБЕЛ

Здраво, ќе споделам со вас важни информации за витаминот Д од едно истражување во Италија. Спореед ова истражување, витаминотД има превентивна и заштитничка улога против Ковид 19. Со оглед на тоа што Ковид 19 е вирусна инфекција, може да се претпостави дека истата улога витаминот ја има и во однос на другите вирусни инфекции. Го оптимизира имуниот систем. Можеме да очекуваме дека има иста улога и во однос на бактериските инфекции.

Ковид 19 е интересен пример и ќе прикажеме некои податоци во врска со ова и ќе се држиме до нив. Истражувањето покажува дека тие што имаат добро ниво на витамин Д имаат 60 отсто повеќе шанса да бидат заштитени од Ковид 19. Но, се смета дека заштитничката улога на витамин Д се искачува и до 80 отсто кај здравствените работници и кај вкупната популација. Ова се прилично убедливи податоци бидејќи се базираат на клиничко истражување.

Овие луѓе можат да се заразат со Ковид 19 но ќе имаат минорни симптоми или нема да имаат воопшто.

Студијата е публикувана на 28 февруари 2024 година. Авторите велат дека покрај улогата за Ковид 19, витаминот има круцијално значење за коските, за функцијата на мускулите и за онкогенезета што е формација на канцери, Веруваме дека витманинот Д има протективна улога против цел дијапазон на канцери и тоа има смисла бидејќи со оптимизирање на нивото на витамин Д го оптимизирате имуниот систем.

Податоците од други истражување, систематизирани, кои опфаќаат 1,26 милиони луѓе, покажуваат дека постојат голем број податоци кои го поткрепуваат сето ова кажано во контекст на Ковид 19. Нема многу податоци за смртноста од Ковид 19 и за тоа колкумина заваршиле на интензивна нега, зашто такво истражување не може да се направи, бидејќи треба да имате група на луѓе на кои ќе им го намалите нивото на витамин Д и ќе ги изложите на опасност, па дури и на смрт. Затоа мислам дека ова е сосема квалитетно истражување, посебно што податоците се поклопуваат со податоците од другте претходно направени истражувања.

Накратко кажано, витаминот Д се врзува со рецепторите на витаминот во клетките и ги разбудува гените и деловите кои го активираат имуниот систем и тоа му дава научно објаснување на сето ова.

Три проценти од човечкиот геном има потреба од витамин Д за да работат правилно што е мошне значајно. Битни се и рецепторите на витаминот, бидејќи тие ја активираат неговата заштитничка улога. Ние имаме 21000 активни гени, а на три отсто од нив им е потребен витаминот. Тој ја спречува цитокинската бура од која многумина умреа во текот на пандемијата, но ја спречува и сепсата која исто така беше одговорна за многу смртни случаи.

Тоа што треба да го знаете е дека кога ќе земете витамин Д од аптека или маркет, обично му се потребни недела или две за да се трансформира во активна форма. затоа постои активна форма на витаминот Д која е достапна во Италија и која дава ефект веднаш.

Затоа според мое мислење, секој со акутна инфекција треба веднаш да го провери нивото на витамин Д и ако тоа е ниско, веднаш да го зголеми со оваа активна форма. Посебно што суплементите со витамин Д не се многу скапи, додека новите лекови имаат астрономска цена.

Значи да заклучиме: витаминот Д ги спречува тешките форми на Ковид 19, влијае врз сите инфекции и штета што ги немавме овие студии во 2020 година за витаминот кој е одговорен за активирање на 3 000 гени. Во благодарам што го гледавте видеото.