Данската безбедносна служба денеска соопшти дека уапсила четири лица, меѓу кои и двајца разузнавачи, кои се приведени под сомнение дека одавале тајни информации на разузнавачката служба.

Данската служба за внатрешна безбедност и разузнавачката служба (ПЕТ) соопштија дека се уапсени четири лица и дека се работи за поранешни и сегашни вработени во две безбедносни агенции, пренесуваат американските медиуми.

До апсењата дошло вчера, а во операцијата асистирала и данската полиција.

„Истрагата е резултат на долгорочна операција за протекување разузнавачки информации и таа сè уште не е завршена“, соопшти разузнавчаката служба ПЕТ.