Нов протест на опозицијата ќе се одржи денеска на пладне во Скопје, под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Како што објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на протест ќе се бара оставка на Заев.

Протестот со возила ќе започне во 12 и 30 часот, а колоните ќе тргнат од две места во Скопје – спортските центри  Борис Трајковски и Јане Сандански. Протесто ќе финишира пред Владата.