Ревијална трка „Вози право, вози здраво“ по седми пат ќе се одржи денеска во Скопје.

Стартот на трката ќе биде во 11 часот од Порта Македонија, а целта е кај фонтаната во Градски парк.

Настанот е во организација на Стопанска банка АД – Скопје, и, како што информираат, е наменет за дружење, забава и промоција на здрави животни навики и чување на животната средина.

– Времето на учесниците нема да се мери, а главната цел е да се пренесе пораката за значењето на здравата животна средина, како и намалување на сообраќајниот метеж преку користење на алтернативни средства за превоз кои не ја загадуваат околината, велат организаторите.

Поради трката ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие сообраќајници. Апелираме граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката, велат од МВР.