Барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски ќе биде пратено до Будимпешта, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

– Целокупното досие од судот и обвинителството стаса во Министерството на крајот на минатата недела. Денеска ги потпишав сите придружни документи и деновиве ќе биде пратено до Будимпешта со цел барање за екстрадиција за 27 април, изјави Дескоска одговарајќи на новинарско прашање.

Министерката Дескоска денеска присуствуваше на конференција посветена на функционалноста на АКМИС системот во судовите, во организација на Министерството за правда и амбасадата на САД.