Граѓаните веќе не може да ги слушаат лагите на Зоран Заев, единствениот политичар во Европа аболициран за тешки криминали, а тој е свесен дека доаѓа крајот на неговото владеење, се вели во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Аболицираниот Заев ниту го одбрани уставот, ниту ја заштити „жицата македонска“, а се колнеше во децата и внуците. Аболицираниот Заев веќе нема кредибилитет, а неговите ветувања тежат колку зборот на обичен измамник. Аболицираниот Заев уште минатата година го прослави добивањето на датум, а сега ги обвинува меѓународните партнери и пониските партиски структури дека се виновни за неговиот неуспех. Граѓаните  се чувствуваат изневерени  од оваа власт поради сите неправди и сиромаштијата кои им беа нанесени од страна на СДСМ, се вели во соопштението.

Младите, се додава натаму, секојдневно ја напуштаат Македонија и заминуваат во странство, бидејќи оваа влада не прави ништо добро за нив.

– Затоа СДСМ ќе замине од власт. Метлата треба  да почне од Заев па надолу. Метлата ќе ја добијат на парламентарните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните и ќе ја формира новата влада. Влада која ќе претставува обнова за Македонија и ќе гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани. СДСМ паѓа, тоа му е јасно и на Зоран Заев. СДСМ паѓа заради младите кои забрзано ја напуштаат државата и заминуваат во странство, да работат и живеат. СДСМ паѓа заради сите неправди и сиромаштијата во која ги втурнаа граѓаните. СДСМ паѓа затоа што затвораат и малтретираат недолжни граѓани. СДСМ паѓа затоа што ги изневери граѓаните. Зоран Заев е во калта. Колата наречена СДСМ е тргната низ удолница од која нема враќање. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ гаранитира стандард и успеси за Македонија и нејзините граѓани. Ќе има повисоки плати и сигурност за вработените. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи подобро здравство, образование и наука. Сплотени и со чиста мисла Македонија мора да се крене од пепелта. Ќе ја обновиме Македонија. Ќе обновиме се и ќе ја поставиме државата на здрави темели. Потребно е СДСМ и Зоран Заев да си заминат во историјата, се вели во соопштението.