Собранискиот спикер Талат Џафери од денеска до 20 јуни е во официјална посета на Народна Република Кина, по покана од претседателот на Кинеската народна политичка консултативна конференција, Ванг Јанг.

Џафери како што соопштуваат од неговиот кабинет, е во придружба на Горан Мисовски, потпретседател на Собранието, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, претседателката на пратеничката група за соработка со Кина, Владанка Авировиќ и со генералната секретарка на Собранието на Република Македонија, Цветанка Иванова.

Според агендата, предвидено е Џафери и делегацијата да остварат средби со домаќинот, претседателот на Кинеската Народна политичка консултативна конференција, Ванг Јанг, со неговиот заменик, Џанг Чингли, потоа со претседателот на Секинеското Народно Собрание, Ли Џангшу, како и со претставници од извршната власт и претставници на локалната власт во Шангај.