Аферата околу „трајната неспособност“ на актуелниот премиер Димитар Ковачевски, кој како што обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ во 2001 година избегнал да служи воен рок, не престанува да ја бранува јавноста.

На социјалните мрежи има безброј коментари и дилеми за „трајната неспособност“ на Ковачевски, меѓу кои на Твитер се појави прашање: кој му дал и како можел Ковачевски да добие НАТО безбедносен сертификат, ако е трајно неспособен?

– На „трајно неспособен“ за воена служба му е издаден NATO безбедносен сертификат со кој има пристап до тајните на НАТО. Што ќе направите кога тајните на НАТО се достапни на трајно неспособниот за воена обврска, актуелниот премиер на Македонија, гласи прашањето од корисник на Твитер упатено до американската и британската амбасада во Скопје.

Во истиот твит се посочуваат и лица кои би можело да учествуваат во издавањето на НАТО безбедносен сертификат на трајно неспособна личност за воена активност.

Вчера како што објавивме, ВМРО-ДПМНЕ го отвори ова прашање, а Ковачевски одговори дека имал „хируршки зафат“ затоа не служел војска, а од опозицијата возвратија дека хируршки зафат е привремена, а не трајна неспособност.