Референдумот заврши со победа на народот против капитулантскиот договор и предавничката Влада.
Гласањето на голем број избирачки места на 30-ти Септември, ја покажува тенденцијата на полнење на кутии од страна на власта и нивната криминогеност дури и кога се работи за гласање, а не само за тендери и меѓусебно делење на народните пари преку разни фондови за иновации или грантови.
Кривична одговорност за овие случаи мора да има, и за тие кои ги полнеле кутиите и за членовите на избирачките одбори кои ги дозволиле овие изборни нерегуларности. Затоа, го повикувам Јавното Обвинителство на Република Македонија да ги испита сите случаи кои ќе ги наведам во подоцнежните постови. А, со постапките кои треба да ги отворите, најверојатно ќе излезат и голем број на други докази за изборни нерегуларности на ова гласање.
Пред законот, мора сите да бидеме еднакви. И секој кој направил кривично дело, мора да одговара за тоа. Не смееме да дозволиме да се враќаме во времето на транзицијата со начинот на гласање. Напротив, мораме да ги почитуваме демократските и европските норми.
Сите кои барем еднаш излегле на гласање, знаат дека целата процедура, откако ќе влезете на избирачкото место, па се додека да завршите со гласањето, трае најмалку 3 минути.
Избирачко место во општина Сарај, с. Ласкарци.
Од 11 до 13 часот “гласале” вкупно 230 гласачи или на секој “гласач” му биле доволни по 31 секунда за да “гласа”.
#ОЈО мора да го испита овој случај.