Екс премиерот Зоран Заев ќе работи во семејните фирми, а од министрите и замениците министри кои ги изгубија фотелјите во новата влада на Димитар Ковачевски тројца побарале апанажа, еден вицепремиер, еден министер и еден заменик.
Според А1он, станува збор за екс вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, потоа Аријанит Хоџа кој беше министер за земјоделие, и Седат Сулејмани кој беше заменик министер за култура. Тие во наредните 9 месеци ќе треба да земаат апанажа.
Димитров изјавил дека пред да влезе во владата откажал ангажман во меѓународен институт во Париз и дека живее од плата.
– Не сум од тие кои покрај работата имаат бизниси. Додека не се организирам ќе користам апанажа, изјавил Димитров за А1он.
Апанажа нема да зема Ирена Стефоска која се вратила на академската кариера, а познато е дека Венко Филипче ќе се врати на клиника, додека претходно беше објавено дека Зоран Заев ќе работи во семејните фирми.