Следните денови времето во Македонија ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата.

Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени.

Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.