Гвајана и Венецуела се договорија да избегнуваат употреба на сила и да не ги ескалираат тензиите во нивниот долгогодишен спор околу регионот Ескибо богат со нафта, по средбата меѓу венецуелскиот претседател Николас Мадуро и гвајанскиот лидер Ирфан Али.

Двете земји во заедничката изјава наведоа дека „нема да се закануваат или употребуваат сила една против друга под никакви околности и ќе се воздржат, со зборови или дела, од ескалација на конфликт“.

„Беше плоден и интензивен ден, на моменти тензичен, но можевме да зборуваме искрено“, рече Мадуро по враќањето во Венецуела и во таа прилика му се заблагодари на Али за неговата „чесност и подготвеност да води дијалог“.