Доктор Игор Берецки од осиечка КБЦ на својот ФБ профил објаснува зошто е подобро да користите сапун и вода од средствата за дезинфекција во вид на гелови и слично, кои како во Хрватска, така и во Македонија, ги снема од продавниците и аптеките во општата паника која поради корона вирусот ги зафати луѓерто.

Според Берецски направен е тест, своевидно истражуивање во кое на една страна биле користени само сапун и вода, а на друга антисептички грл.

„Водата и сапунот ги мијат рацете – значи симнуваат од кожата се што на нејзе се наоѓа: и микроорганизми и нечистотија и старите клетки на кожата кои се своедно хранилиште за микроорганизмите.

Наспроти тоа, гелот само се втријува на рацете и не симнува ништо, па така бактериите и вирусите само се размачкуваат по кожата. Често, на тој начин, влегуваат и во најситните пори, каде успешно се сокриваат од дејството на дезинфекцијата.

Значи, прво измијте го рацете со вода и сапун, исушете ги, па после со чисти раце, користете каков гел за дезинфекција сакате.

Исто така, треба да се додаде дека т.н. антибактериски сапуни не убиваат ниту една единствена бактерија повеќе од обичните сапуни кои не се изначени како „антибактериски“. Не фрлајте пари за бадијала“, објаснува Берецки.