Стабилна е состојбата на двајцата пациенти, 42-годишниот маж од Велес и болничарката која пројави симптоми на конго-кримска хеморагична треска, информираат од Инфективната клиника.

Под лекарски надзор се ставени четири лица од потесното семејство, седум лица од Велешката болница и уште две лица од приватна здравствена установа во Велес.

„Во моментов нема простор за паника, ситуацијата целосно е под контрола, конго-кримскта хеморагична треска не е болест што се пренесува лесно“, заклучи Комисијата за заразни болести на состанокот на која учествуваа и претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Факултетот за ветеринарна медицина, центрите за јавно здравје од Штип и Велес.

Препораките за населението остануваат.