Просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25.205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Ваквото зголемување, според Државниот завод за статистика, се должи, пред сѐ, на порастот на платите во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита (11.7 %), Транспорт и складирање (10.3 %) и Градежништво (5.4 %).

Просечната бруто-плата, пак, во јуни 2019 година изнесувала 37.440 денари.