Во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април во Македонија активностите ги интензивираат и Државната изборна комисија и политичките партии кои ќе учествуваат на нив.

ДИК усвои упатство за начинот постапката за решавање на преговори и од четирите партии од власта и опозицијата кои на последните избори освоиле најмногу гласови – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и БЕСА побара предлози за членови во Избирачките одбори. Партиите закаќаа активности за утврдување на кандидатските листи.

Членовите на ДИК вчера на седница упатија порака до учесниците на изборите на 12 април  дека нема да прифаќаат наменски приговори за повреди на постапката на денот на изборите и за сумирање на резултатите само за да се кочи и злоупотребува процесот.

ДИК донесе упатство за начинот постапката за решавање на преговори. Новина е тоа што Комисијата ќе одлучува само за повреди на постапката на денот на гласањето и сумирање на резултатите и дека приговорите од учесниците на изборите односно нивните овластени претставници ќе бидат доставени до ДИК треба да содржат факти и конкретен опис на евентуалните неправилности. Тоа се со цел, како што истакнаа членови на Комисијата, да не се случи кој било од какви било причини да го злоупотреби процесот и да продуцира приговори без никаков основ и без никаква содржина.

ДИК доставила барање за предлози за членови во Избирачките одбори до четирите партии од власта и опозицијата кои на последните избори освоиле најмногу гласови – ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса.

– Согласно со законот, испративме до оние кои на минатите избори освоиле гласови за да бидат власт и опозиција и пративме повик да достават предлози до денеска до полноќ, рече Деркоски.

Во пресрет на изборите и партиите ги зголемуваат активностите. Покрај изборот на кандидати кои би се нашле на изборните листи на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април, во СДСМ паралелно се одвиваат и разговорите со БЕСА во делот на утврдување на заедничките кандидатски листи.

Разговорите на сите нивоа ќе се одвиваат се до Конгресот на СДСМ, до 9 март. Има интензивна работна атмосфера во СДСМ, велат од партијата, а ќе има и викендов, се до понеделник кога ќе ги заокружиме сите шест кандидатски листи. Пред Конгресот ќе се одржат состаноци на Центарлниот и на Извршниот Одбор.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник.