Заменик-министерот за екологија, Јани Макрадули додека говорел на Конгресот за чист воздух во Истанбул, рибите во реката Вардар пливаа грбно поради големото загадување што се случи во Скопје.

– На отворањето на 18. Светски конгрес за чист воздух (WCAC), кој се одржува во Истанбул, Република Турција, говорев како претставник од политиката/владите, покрај претставниците од деловната и академската заедница. Во обраќањето, говорејќи за Глобалниот предизвик за справувањето со аерозагадувањето, се осврнав на имплементацијата на Планот за чист воздух, како и на предизвиците за развој во РС Македонија од аспект на управувањето со квалитетот на воздухот. Во рамки на Светскиот конгрес за чист воздух, одржав и работен состанок со генералниот директор на Меѓународната унија на здруженија за спречување на загадување на воздухот (IUAPPA), г. Ричард Милс на кој беше договорено потпишување на протокол за пристапување на РС Македонија како членка на Унијата, објави Макрадули на Фејсбук.

Макрадули во текот на годинава по чист воздух беше на многу ворк-шопови, дебати и конгреси низ повеќе земји. Рибите во Вардар од енормното загадување отидоа што отидоа курбан, но по толку екодебати белки зимава ќе имаме „чист ајро“.

Можеби треба да се потсети дека пред Вардар, настрада и шумата на Водно, која веќе ја прежалија и екологистите.