Домашните миленици како што се мачките и кучињата би можеле да бидат носители на корона вирусот и да го предизвикаат вториот бран на „тивкиот убиец“, предупредуваат експертите.

Сопствениците на домашните миленици, посебно во Велика Британија треба во најбрз можен рок да ги тестираат своите миленици кои можат да бидат потенцијални носители на овој опасен вирус кој однесе над стотина илјади животи ширум светот.

Научниците веруваат дека домашните миленици би можеле да бидат одговорни за вториот бран на емидемијата.

Со оглед на тоа дека веќе неколку месеци научниците спорат околу тоа дали мачките и кучињата може да бидат преносители на вирусот, сега Универзитет во Лондон ги следат бројните животни кои живеат со луѓето за да утврдат дали заканата на вториот бран доаѓа од нив.

Постојат докази дека одредени животни можат да добијат САРС-Ков 2 од луѓето, и да го пренесуваат на други луѓе. За сега не се зане колкав е ризикот, вели професорката Џоана Сантини од Универзитетот.

Таа потенцирана дека неопходно е да се воспостави надзор со цел да се спречи рапидно ширење на вирусот помеѓу животните, што би може да претставува и директна закана за луѓето.

Претходните студии покажале дека Ковид-19 може да се пренесе на животните бидејќи многу од нив содржат протеин кој му овозможува на вирусот да опстои. Студијата покажала дека домашните милиници, но и улични мачки и кучиња можат да бидат заразени, како и хрчакот, и мајмунот.