Нови 177 случаи со Ковид-19 од 778 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се пет пациенти од кои еден од Тетово (67 г.), еден од Струмица (87 г.), еден од Крива Паланка (68 г.) и двајца од Кочани (70 г. и 73 г.).
Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 21.113, бројката на оздравени пациенти е 16 301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015.
Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 1792, во Струмица 267, во Тетово 222, во Кочани 218, во Куманово 176, во Прилеп 170, во Штип 123, во Битола 104,
Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19.
На Инфективната клиника примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се пет деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, едно дете и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет пациенти, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент од кои на респиратор се тројца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје има во Центар – 330, Аеродром – 327, Карпош – 319, Кисела Вода – 210, Гази Баба – 171, Ѓорче Петров – 155, Чаир – 92, Бутел – 68, Илинден – 30, Шуто Оризари – 15, Сарај – 15, Сопиште – 10, Петровец – 7, Арачиново – 4, Чучер Сандево – 4, Студеничани – 3, Зелениково – 3, 14 се странци, а 15 нераспределени.
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека капацитетот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од завчера за хоспитализација и третман на пациенти со Ковид-19 е целосно подготвена модуларната болница, со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.
– Активно работиме на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство, за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации на пациенти со Ковид-19, рече Филипче.
Надлежните и натаму апелираат до граѓаните за максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од Ковид-19, кои вклучуваат задолжително носење маска, држење дистанца и избегнување групирања.