Европската комисија подготвува нов закон чија цел е заштита на европските демократии од странско влијание, преку воведување обврски за транспарентност на изворите на финансирање и поврзаноста со трети земји за оние ентитети кои „сакаат да влијаат врз јавното мислење и демократската сфера“.

– Не треба да бидеме наивни, видете ги постапките на Кремљ и другите актери од трети земји. Крајно време е да излезе на виделина прикриено странско влијание и сомнителното финансирање, изјави неименуван претставник на ЕК за „Еурактив“.

Законот, кој беше најавен по избувнувањето на скандалот „Катаргејт“ поврзан со поткуп на европратеници, првично беше планиран за вториот квартал на 2023 година, но неговата подготовка се одолговлече по реакциите на невладините организации кои обвинија дека по примерот на Законот за странски агенти на САД, тој би можел повеќе да ограничи дел од граѓанското општество, отколку странските режими. Според најновите најави, законскиот текст, чија примарна цел ќе биде справување со руското и кинеското влијание во ЕУ, би требало да биде предложен од страна на ЕК во текот на ноември.

Одолговлекувањето на подготовката на законот го намали временскиот простор за негово усвојување пред европските избори во јуни идната година, бидејќи тој треба да ги мине сите процедури за носење законски регулативи во ЕУ, вклучително и добивање поддршка од Европскиот парламент и Советот на ЕУ, односно земјите членки.

За забрзување на долгата процедура за усвојување на законските предлози, директивите или регулативите во Европската Унија, институциите на ЕУ го воведоа методот наречен „тријалог“ меѓу Европс

Организациите за човекови права предупредуваат дека законот би можел да биде искористен од властите на некои земји членки за таргетирање на политичките противници и критички настроените невладини организации. Како пример, тие ја посочуваат Унгарија, каде Владата на Виктор Орбан ги користи законските регулативи за странско финансирање на граѓанскиот сектор за пресметка со невладините организации и групи кои промовираат демократска слобода и заштита на правата на ЛГБТ+ лицата.

Американскиот Закон за регистрација на странски агенти во првата верзија е донесен во 1938 година со цел да го ограничи влијанието на странските влади и пропаганда во САД, на начин што ги обврзува лоби групите и невладините организации да го пријавуваат потеклото на средствата од кои се финансираат, како и евентуалната соработка со „странски агенти“. Како „странски агенти“ се дефинирани поединци или ентитети вклучени во домашното лобирање или застапување во интерес на странски влади, организации или лица.

Според активистите за заштита на човековите права во САД, ваквата широка дефиниција на поимот „странски агенти“, која опфаќа странски влади, поединци, фондации, невладини организации и компании, им наметнува повеќе ограничувања на американските граѓански организации, отколку на пример на кинески „Хуавеј“ или руски „Газпром“.

Министерството за правда на САД води истрага за фондот Archegos Capital Management на Бил Хванг, објави денеска Блумберг. При крајот на март фондот објави стечај што предизвика загуби од окол

Европските невладини организации, пак, потсетуваат дека на ниво на ЕУ, како и во некои од земјите членки, меѓу кои и Франција и Германија, постојат регистри на лобисти и лоби групи, кои ги поседуваат клучните податоци за тоа кој плаќа за лобирање.

Тие сметаат дека ако ЕУ сака да се справи со заканите од влијанието врз демократијата, ќе треба да бара поголема транспарентност и потекло за финансиите од сите застапници на интереси, без разлика дали се финансирани од странство или не.

Според групата, Опсерваторија Корпоративна Европа (ЦЕО), ваквата директива би можела да претставува „ризична алатка со веројатно негативни влијанија врз граѓанскиот простор“. ЦЕО во одговорот на јавната консултација на Европската комисија за подготовка на законот, посочи дека ЕУ треба да го реформира сопствениот Регистар за транспарентност, кој ги евидентира активностите за лобирање во институциите на Унијата и кој содржи многу малку записи за лобирањето во име на владите на трети земји, иако пријавувањето на таквите активност и сега е задолжително. Регистарот не е правно обврзувачки, нема санкции за непочитување на регулативата за негово функционирање и таа слабо се спроведува, посочуваат од ЦЕО.

Во прилог на своите аргументи, противниците на ваквата законска регулатива, го посочуваат примерот на Грузија, една од земјите аспиранти за членство во ЕУ, која по меѓународните критики во март годинава го укина својот закон за „странски агенти“.