Возачот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека тимот ќе одлучи за тоа кој ќе вози за нив во 2020 година по летната пауза.

На сите е јасно дека Хамилтон ќе остане, но кој ќе му биде тимски колега засега останува мистерија. Во принцип Валтери Ботас засега се справува добро и освојува поени за тимот, но можеби за неговото место има поатрактивни кандидати.

Естебан Окон е миленик на Волф, а оваа сезона работи во симулаторот. Сега излегува дека и Макс Верстапен може да го напушти Ред Бул, бидејќи има клаузула во договорот, која му дава право да преговара со други тимови, ако не освои ниту една трка до летото.

– Не сакаме да создаваме нервоза и да брзаме со решенија за пилотите пред летната пауза. Има интерес за Естебан од други тимови, но нема да го дадеме лесно. Сепак, ако нема шанса да вози за нас, ќе треба да го пуштиме, изјави шефот на „сребрените стрели“ за „Спид Вик“.

Според гласините, Рено е заинтересиран за Окон, а другиот резервен пилот на Мерцедес, Џорџ Расел ќе остане во Вилијамс и наредната сезона.

– Џорџ има договор со Вилијамс за 2020 година и се надевам дека тој ќе им помогне да тргнат напред, додаде Волф