Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) покрена истрага против Србија поради знамето закачено во соблекувалната на таа репрезентација пред натпреварот против Бразил, на кое Косово беше прикажано како дел од таа земја.

Фотографијата од српската соблекувална со спорното знаме и натписот „нема предавање“ наишла на реакција кај косовскиот министер за култура, млади и спорт, како и на Косовскиот фудбалски сојуз, кој е член на ФИФА од 2016 година.