Ви се заблагодарувам уште еднаш на сите кои ја препознавте посветеноста и трудот со кој работев, но и на оние кои добронамерно ме критикуваа и советуваа, објави утрово сега веќе бившиот министер за здравство, Венко Филипче.

– Заминувам од позицијата министер горд на сработеното знаејќи дека се што направивме, секоја одлука која ја донесовме ја носевме исклучиво во интерес на здравјето и заштита на граѓаните. Со оваа мисија продолжувам да работам и понатаму. Ви благодарам, објави Филипче на својот официјален профил на Фејсбук.

На Филипче, на почетокот од пандемијата со коронавирусот голем број од граѓаните во 17 часот излегуваа на терасите и му аплаудираа, со паролата „слушајте го Венко“.

Миевме раце, носевме маски, држевме дистанца и… денеска се разделуваме од министерот, за жал, со статистика според која Македонија е во врвот на Европа по смртност од Ковид-19.