„Нашиот план за следните четири години е амбициозен, но реален и насочен кон клучните проблеми и реформи потребни во здравството. Предвидуваме укинување на партиципацијата од 20% за јавните здравствени услуги, обезбедувајќи финансиските ограничувања никогаш да не стојат помеѓу граѓаните и нивното право на здравје“ рече носителот на листата во ИЕ3, Венко Филипче на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.
повеќе од интернетот

Тој додаде дека во изминатиот мандат, Владата предводена од СДСМ распиша над 1000 специјализации и субспецијализации, а во следниот мандат ќе се распишат уште 1000.

„Одливот на кадар е предизвик за целиот регион, многу од нашите таленти ја бараат својата можност во странство. Веќе започнавме успешен процес на обебзедеување европски услови за нашите здравствени работници преку покачување на платите, платените специјализации и едукацијата. Сега нашата цел е да го надградиме овој модел и обезбедиме враќање на дел македонските лекари од странство. Ќе понудиме европски плати за лекарите кои што сакаат да се вратат да работат и да ги едуцираат идните млади лекари дома“ рече Филипче.