Од денеска забранет влез за невакцинираните и за тие со една доза во сите објекти каде што досега можеа да влезат вакцинирани и со една доза, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

– Почнувајќи од денеска за влез во објекти и настани каде до сега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина, потребно е граѓаните да приложат сертификат/потврда за примени две дози на вакцина против КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни и оние кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот, објави Филипче на Фејсбук.

Филипче, исто така, во петокот им препорача на граѓаните да се откажат од куќните слави во овој период или да ги прават во тесен семеен круг.