Бившиот министер за здравство Венко Филипче, сега како кандидат за пратеник, ветува дека во следните години ќе има големо покачување на платите на лекарите и на медицинските сестри.
Филипче, сега како кандидат на СДСМ и носител на листа во ИЕ4 ветува дека во иднина платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари, а на медицинските сестри до 90.000.
-Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бидат од 120.000 до 140.000 денари, а на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите, рече Филипче вчера на отворање на нов изборен штаб во Кавадарци.
Според бившиот министер, во чиј мандат замина голем број медицински кадар во странство, со овој модел на европски плати „ќе ги задржиме здравствените работици дома и ќе се подобрат услугите“.