ФИЛИПЧЕ: Се забранува повеќе од 4 гости и на куќните слави

/ 08.10.2020

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека е донесена одлука за препорака на нови мерки, според која се воведува забрана за поголеми семејни слави и забави во домашни услови.

Со таа препорака е дозволено присуство на најмногу 4 луѓе, односно тие што живеат во домот и уште четворица други гости.

– Со оваа забрана дополнително ќе се избегне забавите од кафулињата и угостителските објекти да се префрлат во домашни услови. После 22 часот се забранува групирање на јавни места, односно во паркови, бензински и секаде на други места. Се воведува задолжително носење маска или заштитна опрема т.е. прекривка на носот и устата и на затворено и на отворено, исклучок е при спортување на отворен и затворен простор, во возило ако сите се од едно семејство, при седење во угостителски објекти, при престој во службени простории ако лицето е само со задолжително почитување на протоколите за дистанца. Исклучок од ова ова се и децата до 6 години во претшколска возраст, рече Филипче.

Тој најави дека овие препораки ќе бидат доставени до Владата.


Од истата категорија