Авион на лет од Париз до Мумбај исчезна од радарите во близина на иранскиот регион Исфахан.

Флајтрадар24, кој го следи авиосообраќајот, соопшти дека е изгубен сигналот со леталото.

– Авионот на летот АФ218 моментално не е во домет на Флајтрадар24. Или е вон покриеност или слетал, се вели во соопштението на Флајтрадар24.

Авионот полетал од Франција и летал преку Европа и западна Азија пред да исчезне над централен Иран.

Пред да се изгуби контактот, пилотот објавил „7700“ што укажува на општа опасност.