Дури 6,2 милиони возрасни германски државјани не умеат да прочитаат и разберат текст напишан на германски јазик, се посочува во ново истражување на германското Министерство за образование.

Германија има вкупно 82 милиони жители.

– На повеќе од половина од граѓаните со проблеми со читањето, германскиот им е мајчин јазик. Останатите израснале со друг јазик, изјави Анке Гротлускен, една од авторите на трудот под наслов „Лео 2018 – живот со ограничена писменост“.

Според податоците, 78 отсто од германските државјани чијшто мајчин јазик не е германскиот, можат да прочитаат и да разберат сложени текстови на својот мајчин јазик.

Над 60 проценти од лицата со ограничена писменост имаат постојана работа.

Според Синдикатот на вработените во образованието и науката, „толку висок број полуписмени лица е неприфатлив“.