Фондот за здравство ќе штрајкува во понеделник

/ 27.12.2019

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија, соопшти дека најавениот штрајк ќе го одржи во понеделник на 30 декември 2019 година.

Штрајкот ќе се одржи откако раководството на ФЗО не одговори на барањата на синдикатот ниту пак се одзва на повикот за решавање на проблемите во синдикатот. Раководството не се одзва ниту на периодот даден за договор и социјален дијалог пред одрќување на штрајкот на вработените, напротив има игнорантски однос спрема синдикатот и вработените во фондот.

Откако раководството не се произнесе по барањата, синдикатот ќе го одржи најавениот штрајк и ќе продолжи со своите активности доколку продолжи ваквиот однос од страна на институцијата.

-Ги повикуваме сите вработени на солидарност, да излезат и да го поддржат штрајкот бидејќи ова е борба за подобри работнички права и услови кои очигледно не се предмет на меѓусебна расправа и социјален дијалог, велат од Синдикатот.


Од истата категорија