Двојазичноста и тиранската платформа се само во главите на вмровците, иронично коментираа функционерите и приврзаниците на СДСМ и актуелната власт само до пред извесно време.
Но, двојазичноста еве ја стигна и во Пробиштип, каде што нема ниту еден Албанец. За Пробиштип се зготвени табли на кои и на албански пишува: Министерство за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд – Пробиштип.